Еве неколку битни моменти за увоз на олдтајмер возило во Македонија:
- Возилото треба да е постаро од 35 години, да е во оригинална состојба без измени и добро зачувано (за ова, при увоз, додека возилото е во царински склад, техничкиот преглед прави проверка и пополнува 5 страни матрица за повеќето битни делови - хомологација). Ова мора да се провери пред да се купи инаку нема да го признаат за олдтајмер и не може да се внесе во државата. Препорака: да се купи олдтајмер возило од ЕУ кое веќе ги има поминато процедурите за олдтајмер (да има олдтајмер регистрација) и да има сертификат за исправност за возење (на пример, TUV во Германија).
- Откако ќе добие статус за олдтајмер се бара ослободување од акциза за моторни возила (во Царина). Напомена: ослободувањето е само за акциза но не и за царина.
- Се плаќа царина + ДДВ, што е вкупно околу +25% на куповната цена (цената на возилото ја одредуваат како средна цена според mobile.de и доколку има голема разлика од приложената фактура/уплата тогаш ќе треба да се прави проценка).
- Се носи на технички, се вадат олдтајмер таблици (во МВР кај МТВ), се плаќаат давачките/осигурување кои изнесуваат како за регуларно возило, може да се извади зелен картон и сл.
- Може да се вози секој ден, истото важи и во државите од ЕУ - олдтајмерите се возат секој ден (освен ако е некое многу старо возило произведено пред втора светска војна па да го ограничат).
- За секој случај прочитајте го Законот за моторни возила (линк ТУКА), правилник од Министерство за економија (линк ТУКА), правилник од Министерство за финансии/Царина (линк ТУКА), особено деловите наменети за олдтајмери (возила со историска/музејска вредност), можеби ќе најдете нешто специфично што ве интересира.